Живко Митревски конечно заминува од ССМ

Дарко Димовски го доби решението од Централниот регистар, со кое е запишан како претседател на Сојузот на Синдикатите на Македонија. При обид утрово да ја преземе функцијата од Живко Митревски, на влезната врата обезбедувањето не дозволи влез. Пристигна и полиција која требаше да обезбеди влез, но настана турканица, а притоа беше скршено  стакло на влезната врата на ССМ.

По кратки преговори во кои учествуваше и Митревски, за денеска во 15 часот е закажано примопредавање на функцијата на новиот в.д. претседател Димовски, инаку претседател на СУТКОЗ.

Димовски и повеќе грански синдикати за време на мандатот на Митревски го обвинуваа дека е приврзок на поранешната власт и не се грижи за правата на работниците.

Речиси една година трае борбата на новиот претседател на ССМ да ја преземе функцијата на која е легитимно избран.