Животот на Класниќ виси на конец

Поранешниот хрватски репрезентативец Иван Класниќ поминува низ вистинска животна драма. Тој мора да оди на трета трансплантација на бубрег, пишува германскиот „Билд“.

Првиот, кој го добил од мајка му неговото тело го отфрлило. А, вториот го донирал татко му, меѓутоа и тој почнал да откажува така што е неопходна нова трансплантација. Неговиот брат Јосип се понудил да биде донатор, но поради создадените антитела не е дозволено да биде некој од членовите на семејството.

„Јосип се чувствува полошо од мене, затоа што не може да ми помогне. Ќе прифатам што и да биде. Кога животот ти виси на конец мораш да ја прифатиш судбината. Моментно сум во Хамбург со семејството и со пријателите, затоа што само во една држава можам да се регистрирам и да барам орган“, изјави Класниќ за „Билд“

Класниќ пред три години и официјално се повлече од фудбалот, а играше за Сент Паули, Вердер, Мајнц и Болтон.