Живот вреден за живеење

На 6 ноември ќе биде промовирана кногата ,,Живот вреден за живеење”-книга исповеди на семејства со деца со пречки во развој.

Оваа книга  е единствена од ваков вид кај нас, а издавач е Или-Или. Составена е од 15 лични приказни на родители, сестри, браќа на деца и младинци со пречки во развојот.

Авторките Емилија Георгиевска-Наневска (психолог-предавач на Универзитетите Сафоли и Сент Луис во Мадрид) и Мимоза Петревска Георгиева (новинарка во Нова Македонија) се мајки на девојчиња со посебни потреби , додека авторот на фотографиите Драги Неделчевски од Тетово е татко на момче со церебрална парализа.

Книгата опфаќа исповеди на најблиските членови од семејството на децата со разни видови попреченост. Во исповедите се поместени нивните искуства од разни аспекти.

Книгата ќе ја промовира писателот Гоце Смилевски на 6 ноември во 12 и 30 во МКЦ.