Заскитаните планинари се членови на планинарското друштво ,,Трансверзалец“

Грчките медиуми јавуваат дека се пронајдени телата на заскитаните планинари (маж на 35 и девојка на 25 г) во областа Свети Илија на Кајмакчалан. Се смета дека се туристи кои се изгубиле низ планината одделувајќи се од група планинари.Ја минале македонската граница и навлегле на територија на Р.Грција .

Грчките спасувачи учествувале со 3 возила и тринаесет пожарникари и други специјалисти за нивно извлекување.
Сепак, нашето МВР потврдува за инцидентот, но не и дека планинарите се мртви.

На Фб страницата на планинарското друштво чии членови биле двајцата, се уште стои објавата за организираната планинарска тура.

,,На 10 и 11 Февруари 2018 г. ДПС Трансверзалец – Скопје организира дводневна акција за искачување на врвовите Кајмакчалан и Кравица на планината Ниџе.

Врвот Кајмакчалан е висок 2.528 мнв а се наоѓа на планината Ниџе. Лоциран е на јужната граница од Македонија, и е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во Грција. Од врвот се гледаат Островското Езеро и Петерското Езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.

Планинското било на Ниџе на североисток започнува со врвот Кравица висок 1682 мнв. Врвот Кравица бил важно стратешко место во текот на Првата светска војна, а во близина се наоѓа и месноста Добро Поле, каде во септември 1918 г е пробиен Македонскиот фронт“-се вели во објавата.