Забележително полициско присуство во Теарце

Во 7 часот беше отворено за гласање Избирачкото место 2011 во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во селото Теарце .
Нашата новинарска екипа од теренот јавува за засилено присуство на полицијата на улиците во селото.

На избирачкото место 2011 во Теарце во Избирачкиот список се запишани вкупно 714 гласачи. На 11 декември на гласање излегоа 404 од кои 91 гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 87 за СДСМ, 65 за Беса, 64 за ДПА, 53 за ДУИ, 25 за Алијансата на Албанците и по еден за ВМРО за Македонија и за Коалицијата за промени и правда – Трет блок.

Во Изборната единица 6 според првичните резултати на ДИК, најмногу гласови 40.599 освои ДУИ, потоа следи ВМРО-ДПМНЕ со 26.135, СДСМ со 25.828, Беса со 25.054, Алијанса за Албанците 17.970, ДПА 16.225, ВМРО за Македонија 919 и Коалицијата за промени и правда – Трет блок 239.

Според добиените гласови, најмногу пратеници, односно 6 освои ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ 4, Беса 3, СДСМ 3, Алијанса за Албанците 2 и ДПА 2.

Прегласувањето доаѓа откако Управен суд  ја  прифати тужбата на СДСМ  за поништување на гласањето на ова гласачко место заради исчезнато ливче, а ДИК одлучи да има прегласување по направената симулација која покажа дека може да има промена на резултатите.

АКО.мк актуелно-објективно