Заврши сезоната за Енди Мареј

 

 

Британскиот тенисер Енди Мареј денеска на социјалните мрежи објави дека нема повеќе да настапува во 2017.година. Мареј на Фејсбук сподели дека нема да биде дел од претстојните турнири во Кина и Шангај, и дека „најверојатно“ нема да биде подготвен и за последните настани од сезоната во Виена и Париз.

“Поради повредата на колкот која ме мачи изминатите неколку месеци, а по консултирација со многумина специјалисти како и со мојот тим и одлучив да ја завршам сезоната.  Тоа значи, нема да бидам во можност да се натпреварувам во Пекинг и Шангај, а најверојатно ниту во Виена и Париз, кои се последни два турнира во сезоната.  Прв турнир на кој ќе учествувам наредната година ќе биде Бризбејн, кој ќе ми биде подготовка за Австралија опен“ – порача Мареј.

Тој сепак ќе го одигра егзибискиот меч со Роџер Федерер на 7.ноември во Глазгов.