Заврши тренерската кариера на легендарниот Дуда Ивковиќ

Легендарниот српски кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ, синоќа во Атини, поточно во  Пиреј, се збогуваше со професионалното занимавање со спортот.

Во негова чест е одигран натпревар меѓу Олимпијакос и тимот на ѕвездите на Дуда, во кој славеа избраните кошаркари на трофејниот стручњак и тренер со 111:103.

74 годишниот Душан Ивковиќ, во својата богата тренерска кариера ги предводеше репрезентациите на Југославија, а подоцна на Србија, освојувајќи две сребрени олимписки медаљи, едно светско залто, како и три европски титули и едно второ место.