Загина активист на СНС лепејќи плакати за Александар Вучиќ

На митингот во Нови Сад лидерот на СНС и претседателски кандидат Александар Вучиќ ги шокираше присутните со информацијата кажана среде говор, дека синоќа лепејќи плакати за неговата претседателска кампања загинал активистот на оваа партија Миливоје Гајиќ.
,,Нека му е лесна српската земја“-рече Вучиќ и продолжи со митингот зборувајчи за тоа дека српскиот народ ,,сака да биде прост, обичен, вреден, чесен…..“
Тој не даде други детали за овој трагичен настан и не се осврна повторно на него во текот на предизборниот митинг во Нови Сад.