Загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Совет за радиодифузуја

Во тешка сообраќајна несреќа загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија(Агенција за медиуми).

Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот по полноќ, на булавр ,, Никола Карев“ во Скопје.

Возилото со коешто управувал, ,,Рено Меган“,  излетало од патот и удрило во рекламен билборд.

Стефановски бил пренесен во градската болница, но лекарите констатирале смрт.

Стефановски на чело на Совет за радиодифузија беше од 2008 до 2012 година , кога беше разрешен, а на негово место дојде Зоран Трајчевски, кој е се уште на оваа позиција.