Загрижувачки параметри за македонската економија

Светска банка ја намали проекција за економскиор раст на македонската економија до крајот на година на 2 проценти од претходно проектираните 3,7. Ова, практично, е најмал очекуван раст во регионот. Како што е објавено во најновиот шестмесечен извештај за Југоисточна Европа, ова се случува прв пат во последните 6 години,а инвестициите негативно ќе придонесат за економскиот раст, за разлика од другите земји во регионот. Потрошувачката стана главен двигател на растот, поддржано од вработувања и високи плати во јавниот сектор и трансфери, се вели во извештајот.

Загрижувачки се податоците за намалување на невработеноста, кои според Светска банка, главно се фискално стимулирани од државниот буџет, дури 89 проценти од новите вработувања.

И натаму градежништвото најмногу придонесува за економскиот раст со 19,3 проценти.

Фискалниот дефицит е зголемен на 4,1 процент од првобитно проектираното 2,3 насто.

Светска банка на Македонија за 2017 година и предвидува раст на БДП од 3,3 проценти, но под услов изборите да се одржат во закажаниот термин на 11 декември.