Амбасадорот на Република Полска, Јачек Мултановски и неговата сопруга Кинга Нетман Мултановска, приредија прием за да ги испратиме нашите драги пријатели Мартин Безак, амбасадорот на Република Словачка, и неговата сопруга Франциска Безакова.

Полскиот амбасадор направи убав гест што сплотува, а амбасадорот Безак го заврши својот мандат со важни постигнувања кои ги приближија Македонија и Словачка и ги унапредија нашите односи. Му посакуваме уште многу успеси, и остануваме посветени на унапредување на односите со Словачка и Полска. Пријателството меѓу луѓето е суштината на соработката меѓу државите-напиша на својот ФБ премиерот Зоран Заев.