Заев,Шекеринска,Бејли ќе присуствуваат на заедничката македонско-американска воена вежба на Криволак

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, и делегација во чиј состав се претставници на Министерството за одбрана, на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на претставници НАТО канцеларијата за врски во Република Македонија, аташеата за одбрана на повеќе амбасади, во придружба на амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли,  ќе присуствуваат на дел од активностите на воената вежба “Dragoon Guardian 17”, на воениот полигон Криволак.

Цел на вежбата во Криволак е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.

На воената вежба „Dragoon Guardian 17“ учествуваат деведесетина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу триста припадници на „2 Cavalry Regiment“ на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување-соопшти прес службата на Влада на РМ.