Заев: Завршивме една успешна посета на Брисел

Состанок со единствена точка на дневниот ред со пријателот на Република Македонија, еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан: Како заедно со поддршката на ЕУ да ги истрчаме успешно последните месеци до датумот за преговори!

Наше е да ги завршиме започнатите реформи, да го усовршиме нашиот демократски систем, да постигнеме согласност со политичките субјекти во земјава, вклучувајки ја и опозицијата за нашите стратешки интереси и да ги засилиме напорите за решавање на отвореното прашање со Грција.

ЕУ останува посветена на ставот дека Западен Балкан и Македонија се во приоритетот за идното проширување и дека сите имаат еднаков старт.

Завршивме една успешна посета на Брисел, е оценката на премиерот Зоран Заев по средбите во ЕУ во Брисел..