Заев за Божик во манастирот во Водоча, Иванов, Шилегов и Мицкоски во Соборниот храм во Скопје

,,Овој празник потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот. Христос се роди.

07.01.2018, Водочки манастир, Струмица“-ФБ статус на Зоран Заев,премиер

Во Соборниот храм во Скопје, утрината на служење на божикната литургија, присуствуваа претседателот Ѓорге Иванов, Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.