Заев: За нас членството во ЕУ нема алтернатива

,,Верувам дека ќе се согласите со мене дека е крајно време да се придвижи процесот на членство на Македонија кон ЕУ. Сосема ми е јасно дека се потребни реформи за да може да се придвижи процесот за преговори. Целата Влада ќе треба да направи напор за отворен дијалог со опозицијата и граѓанското општество. Мојата прва билетарлна посета овој месец ќе биде посета на Софија , затоа што по стратешката цел-членство во ЕУ, моја втора битна задача е нормализирање на односите  со соседите“-рече Премиерот Заев на заедничката прес конференција со Комесарот за проширување и добрососедство во ЕУ , Јоханес Хан.

,,На самиот крај сакам да кажам дека за нас се заеднички предизвици борбата и решавањето на проблемите со миграцијата и тероризмот,подготвени сме за овие прашања заедно и посветено да работиме со ЕУ за ова“-рече Заев.