Заев: Знам дека имаше обид за ликвидација на Ѓукановиќ, ми рекоа сега ти си на ред(видео)

Премиерот Зоран Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“, изјави дека добивал информации од аналитичари дека е можна негова ликвидација.
После тоа што се случи во Црна Гора, по тоа што му се случи на Ѓукановиќ пред приемот на Црна Гора во НАТО, сега ти си на ред, му велеле аналитичарите.

Тој рече дека ја прифатил функцијата премиер за да работи за Македонија, а ако нешто треба да се случи, тогаш тоа ќе се случи.

„Некои аналитичари околу мене велат дека сега си ти на ред. Ако треба нешто да се случи нека се случи, јас сум прифатил да бидам премиер на мојата земја и на мојата држава и треба лидер, подготвен сум да носам одлуки какви што очекуваат моите граѓани, по цена, што биде нека биде“- изјави Заев.

(на 30 минути од почетокот на интервјуто)

Заев изминатиот викенд беше престојуваше во Црна Гора, каде оствари средба со Мило Ѓукановиќ.