Заев им се заблагодари на битолчани за големата поддршка

,,Сакам на сите граѓани на Република Македонија да им честитам победа над режимот, за огромната излезеност и симнување капа за ова што го направивме.

Заедно навистина направивме вистинско чудо. Срушивме режим со пенкало и со глас. Ја обединивме нашата мултиетничка Македонија.

Овде сум денеска да изразам признание на Битола како еден од градовите, едно од нашите места коишто му пркосеа на режимот и поразија режим.

Доаѓа убаво време за Македонија. Најавувам слобода, најавувам спокој, најавувам живот, за сите во Македонија.

Дозволете денеска овде од Битола да испратам порака до сите граѓани на Македонија. Да оставиме државните институции да ја завршат својата работа. Денеска одлучува ДИК, можеби ќе одлучува и Управниот суд. Одлуките треба да одат транспарентно и согласно законот. Знам јас, знае и Груевски, дека одлуките на овие институции се важни заради вистината и фактот. Знам јас, знае и Груевски дека какви и да бидат одлуките на ДИК и евентуално на Управниот суд, тоа не ги менува работите. Никола Груевски не може да ја состави владата на Република Македонија,,-рече Заев пред битолчани кои дојдоа во голем број да го пречекаат и да му дадат поддршка.