Заев им ја честиташе историската победа на ракометарите на Вардар

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ја честита историската победа што вечерва на Република Македонија и  ја донесоа ракометарите на Вардар .

„Им честитам на ракометарите на Вардар кои македонскиот ракомет го донесоа  повторно на врвот на Европа!

Во име на граѓаните на Македонија ви благодарам што сите нас `не направивте горди и среќни.

Игравте со срце на теренот!

Првото место што го освоивте вечерва на финалниот натпревар во Лигата на шампиони ќе биде врежано во меморијата на ракометот и на спортот во Македонија како пример за генерациите што доаѓаат, дека се е остварливо низ тимска работа, упорност и посветеност.

Имам силна верба дека ова е само почеток на успесите што ќе се множат, во ракометот, во спортот и во животот во Република Македонија“,им порача Премиерот Заев на ракометарите и на граѓаните по вечерашната победа на Вардар во финалето во Келн, Германија.