Заев и Орбан во Будимпешта заклучија дека ќе ги продолжат добрите односи меѓу двете земји

,,На средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, ја истакнав одличната организација на Самитот 16+1 и се заблагодарив за севкупната и значителна поддршка што Унгарија и ја дава на нашата земја на патот кон ЕУ и НАТО.

Заеднички беше истакнато дека Република Македонија и Унгарија имаат одлични односи и дека ќе настојуваат и понатаму да ги унапредуваат во сите области“-пишува на ФБ профилот на премиерот Заев.