Заев: Наша намера е да ја спречиме изградбата на рудниците(видео)

Ќе направиме се за да го одржиме даденото ветување за рудниците, рече премиерот Заев одговарајќи на прашање до каде е процедурата за Казандол околу утврдување на законитоста на издадените дозволи за концесија:

,,Започнати се сите постапки. Јас уште еднаш ве уверувам дека секој правно-формален аспект ќе го искористиме за да останеме на нашето ветување дадено пред граѓаните. Ќе направиме сè. Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците. Сè што постои, како правно-формални опции.Гледам дека има пропусти.Правните тимови работат.Ќе ги разгледаат сите овие резултати како заклучоци и ќе постапиме“-рече Заев.

 

Тој потврди дека се уште нема договор за нов министер за здравство.

– Штом ќе ја донесеме одлуката и за министерот за здравство и за министерот без ресор за странски инвестиции, замениците, веднаш ќе соопштиме јавно-рече Заев.

-Еве ќе ви дадам дел од информациите. Знаете дека има испразнети пратенички места, кои што треба да бидат пополнети, знаете дека ДИК е во оставка, треба да продолжи да работи додека собранието не ги констатира оставките.Сите овие работи треба да бидат исполнети за да можеме да ги комплетираме правно-формално процедурите, вклучително и за комплетирање на владата-изјави премиерот.

Опозицијата треба да има членови во ДИК, а и не доаѓаат во парламентот, па затоа е отворена дебата за надминување на овие прашања.

Отворена е дебатата, и верувам дека секогаш постои можност секогаш низ дијалог да се најде решение. Јас сум непоправлив оптимист, верувам дека низ разговор се наоѓа решение за се-изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој учествуваше на Завршната конференција насловена „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на евро–атлантските интеграции“ во организација на Евро-атлантскиот совет на РМ (АТА Македонија)