Заев најави дека во иднина ќе се учи за фашистички окупатор без придавката ,,бугарски“(видео)

,,Кога бев дете имаше ,,свиждање“, ние одевме во Петрич, тие од Петрич доаѓаа во Струмица…младите склучуваа бракови, имаше големи пријателства меѓу фамилиите, затоа што државите се формирале , се менувале границите, но народите останувале исти, иднината е обединување на народите“…одговори премиерот Зоран Заев на прашање на новинар на бугарската Бтв што го учеле за Струмица и за Бугарија кога бил дете, бидејќи плоштадот кадешто седат сега пред Втората светска војна припаѓал на Бугарија.

На прашањето на новинарот дали уште во учебниците  во Македонија ќе се учи за бугарскиот фашистички окупатор, Заев вели:

,,Во времето на фашизмот , потоа историјата, историчарите пишуваа дека фашизмот како појава не е врзана со нациите , е врзана со поединци, ние не можеме да ја обвиниме цела Германија, или Бугарија, или Македонија за одредени работи, цели нации да ги обвинуваме или да ги врзуваме со фашизмот…апсолутно нашата борба беше против фашизмот,против кој целиот свет се бореше како тогашна тенденција“…

Ќе пишува ли и во иднина бугарскиот фашистички окупатор во учебниците?-инсистира новинарот.

,,Во некои учебници во минатото имаше, се учеше за фашистичкиот бугарски окупатор, но модерните историски учебници во Македонија  пишуваат за фашизмот како појава, не за нациите како фашисти или окупатори или слично“-вели Заев.

Ветувате ли дека во иднина ќе се исфрлат тие поими од учебниците?

,,Јас верувам дека веќе нема, но секако ако има, државата е должна во духот на пријателството ова да биде исправено, постоеле различни луѓе кои добивале лиценци и пишувале учебниците,но државата е должна во духот на пријателството тоа да го види и за да може да гради пријателство, а не да гради непријателство“…вели Заев и додава:

,,Во Струмица имаше плоча на која пишуваше дека тука загинал наш јунак загинал од куршум на бугарски фашистички окупатор, но тоа е избришано и сега пишува дека загинал од фашистички куршум“…

Вие ли го тргнавте тоа кога бевте градоначалник?-праша новинарот.

,,Да , јас го тргнав тоа кога бев градоначалник на Струмица“-рече Заев одговарајќи на прашања на бугарски новинар во интервју за Бтв.

AKO.mk