Заев најави засилување на пратеничката група со неколку опозициски пратеници

 

Лидерот на СДСМ,Зоран Заев, од Штип кадешто му даде поддршка на Благој Бочварски и ги повика да гласаат за него, откри дека е многу веројатно дека неколку пратеници од опозицијата ќе им се придружат наскоро:

– Јас верувам дека неколку пратеници ќе се охрабрат да ги поддржат политиките, кои им требаат на граѓаните на Република Македонија. Убеден сум во тоа, така следува период на засукување на ракавите и работење во интерес на граѓаните – рече Заев.

Тој потенцира дека парламентарното мнозинство ќе зајакнува бидејќи, како што рече, има многу демократи и чесни луѓе од опозицијата, кои не се согласуваат со политиките на поделби, национализам, анатагонизам во општеството, а на Македонија во наредниот период и доаѓаат убави перспективи. Заев смета дека доаѓа и период на сплотеност и на инклузивност на опозицијата внатре.

Локалната власт е различна од централната власт и многу е легитимно што Зијадин Села и ДПА за реформи  влегол во коалиција со БЕСА. Јас немам проблем со тоа, видов дека е некаде со раководни структури и на ВМРО ДПМНЕ, како што е во Гостивар и имам разбирање. Веројатно се согласиле за програмата на локално ниво и тоа е во ред. Ние сме со ДУИ во коалиција и ги поддржуваме кандидатите во тие општини и отука не гледам ништо дека тоа би можело да влијае, освен ако Зијадин Села и неговата партија не одлучат да напуштат. Мене ми е драго, тој го потврди тоа дека останува во Владата така апсолутно продолжуваме понатаму – рече Заев.