Заев: Не преговарам со ДПА за влегување во Влада

Премиерот Зоран заев негира дека има преговори со ДПА за нивно влегување во Владата со која раководи:

,, Јас немам преговори со ДПА за влез во власта. Се надевам дека брзо ќе ги најдеме кадровските решенија за пополнување на испразнетите места(министерски). Но, останувам на определбата на сегашната Владина коалиција за унапредување на соработката и со други политички субјекти и поединци во Парламентот. Посебно е важно за она што претставува национален интерес, реформите и главните приоритети на граѓаните на Република Македонија“-изјави Заев одговарајќи на прашањето дали има преговори за влез на ДПА во Влада на РМ.