Заев од Њујорк: Во Македонија е слобода, може да видите се’, па дури и на Героски како му истураат боја врз главата(видео)

Во Македонија сега е слобода,после долги години конечно е слобода, ја враќаме демократијата, ги враќаме институциите да им служат на граѓаните.Кого и да прашате во Македонија, повеќе нема притисок, нема закана. Има отчетност и одговорност, може да се постави секакво незгодно прашање, може да видите се што се случува, па дури и на Героски како му истураат боја врз главата, но сето тоа е слобода- им се обрати премиерот Зоран Заев, во Њујорк на македонските иселеници  на приемот организиран од Форумот за демократска Македонија.