Заев отпатува на еднонеделен зимски одмор во Италија

Премиерот, Зоран Заев, од денеска па до 17-ти јануари ќе го користи својот зимски одмор, информираше владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

На денешната прес конференција, Бошњаковски рече дека Заев веќе отпатувал во Италија.

Медиумите во 2015 година пишуваа дека тогашниот градоначалник на Струмица, сега премиер, Зоран Заев, својот зимски одмор го поминува во италијански туристички центар.