Заев потврди дека Србинот Обрадовиќ е во игра за директор на ЕЛЕМ!

Контроверзниот Србин Александар Обрадовиќ за Премиерот Зоран Заев е квалитетен кадар. Тој потврди дека е во игра за директор на државната компанија ЕЛЕМ.

„Александар Обрадовиќ е квалитетен кадар во областа на енергетиката, но тоа не значи дека по автоматизам ќе биде директор или не. Да и тој е еден од опциите за директор во ЕЛЕМ. Но, ние сѐ уште не знаеме кој од политички субјекти, дали домашните експерти ќе преземе одговорност врз која институција. Преуранета е дебатата кој каде ќе биде директор.“ – изјави Зоран Заев.

Александар Обрадовиќ со одлука на Влада експресно доби македонско државјанство за да може да биде директор на македонска државна компанија. Не е јасно како дојде до тоа Обрадовиќ да биде лице од посебен национален интерес, што е една од опциите да му се издаде државјанство со владина одлука без да ги исполнува законските критериуми.

Александар Обрадовиќ беше директор на српското ЕС, но беше разрешен од тогашниот премиер Вучиќ заради малверзации и расфрлање со народни пари. Тој е добар пријател со сопственикот на српски Курир, од неодамна и на Слободен печат, Александар Родиќ.

Родиќ беше прва личност со кого Заев имаше средба во Владата откако стана Премиер.