Заев разговараше со еден од првите луѓе на Google, Џерад Коен

Се сретнав со еден од првите луѓе на Google Jigsaw, Џерад Коен. Разговаравме за идеите и можностите за инвестирање во Македонија и поставивме добра основа за развивање на соработката-информираше премиерот Заев преку својот ФБ профил

Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев, се наоѓа во посета на Њујорк, каде треба да учествува на 72 Генерално собрание на ОН.

Тој во изминатиот период повеќепати најавуваше можен влез на Google i Facebook, на македонскиот пазар.