Заев: Флоренс Герет е македонска гордост

,,На Флоренс Герет, нашата македонска и британска гордост и на тимот од пливачкиот клуб „Бета“ од Скопје, им го честитам големиот успех на Европското првенство во пливање за лица со Даунов синдром.
Во Париз, Франција на европското првенство во пливање, Герет освои три медали, и тоа злато во дисциплината 50 метри грбно, сребро на 100 метри грбно и бронзен медал во штафета за националниот тим на Велика Британија.
Честитки и на амбасадорот Герет и неговата фамилија за успехот и силната родителска поддршка која и ја даваат на Флоренс во остварување на животните победи“-пишува на ФБ страницата на македонскиот премиер, Зоран Заев..

Флоренс Гарет, ќерката на британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет, освои три медали на Европското првенство во пливање за лица со Даунов синдром во Париз. Флоренс освои злато во дисциплината 50 метри грбно, сребро на 100 метри грбно и бронза во штафетата на Велика Британија. Ова беше 4. Европско првенство во пливање за лица со Даунов синдром. Флоренс досега учествувала на две светски првенства во пливање за Велика Британија, а ова и е ѝ второ европско првенство, но првпат се враќа со медали.