Закана за бомба испразни авион на „Аерофлот“

Швајцарските власти на аеродромот во Женева, поради бомбашки закани, евакуираа патници од авион на руската компанија „Аерофлот“ којшто се подготвувал за лет за Москва.

Обвинителството во Женева соопшти дека, околу 13 часот, маж ги инаформирал безбедносните служби на аеродромот дека во авионот се наоѓа бомба.

Лицето кое кажало дека во авионот има бомба е уапсено.

Се вршат безбедносни проверки на леталото.