Новинарот и раководител на порталот ,,Публикум“ од Прилеп, Зоран Милошески, на својот ФБ профил објави дека по полноќ му е запалено возилото во неговата гаража:

,,Почитувани пријатели, околу 1 часот и 20 минути после полноќ, беше запалено моето возило марка „Сузуки свифт“, кое беше паркирано во гаражата. Противпожарната единица интервенираше веднаш откако соседите го виделе возилото како гори. Увид направи и екипа на Полициската станица од Прилеп. Возилото е целосно уништено.
Палењето на мојот автомобил се случи точно една година подоцна, откако во јануари 2017 година беше запалена мојата гаража. Сторителите се’ уште не се откриени“-пишува Милошески.

Тој најави дека во текот на денешниот ден преку прес конференција или соопштение, јавноста ќе биде подетално информирана за настанот.