Членови на семејствата на осудените за случајот ,,Дива Населба“, доцна синоќа го запалија македонското државно знаме , протестирајќи за високите пресуди во судскиот процес кој се водеше во Основен суд Скопје 1 во Скопје.

На протестот учествуваа семејствата на седумчлената кумановска група, кои беа осудени на доживотна казна затвор, известува РТС.

Во палењето на државното знаме на РМ, учествувале и членовите на навивачката група ,,Јастреби“.

На плоштадите во двата косовски града, демонстрантите ги повикаа Албанците да ги бранат своите права, борејќи се против неправдите што им ги прават ,,Славомакедонците“, пренесуваат приштинските медиуми.

Како што е познато, вчера Кривичен суд во Скопје, ги осуди 37 -те извршители и нивните помагачи во терористичкиот напад во кумановска ,,Дива Населба“, на повеќе од 700 години затвор.
Во вооружениот инцидент со македонските безбедносни сили, 8 специјалци загинаа, а повеќе од 40 беа ранети.