Запленето огромно количество оружје (видео)

Во соседна Србија запленето е огромно количество оружје, најмногу во последните 16 години. МВР на Србија соопшти дека оружјето е запленето на подрачје на општините Сомбор и Апатин, а во акцијата се уапсени 10 лица.

Министерот Небојша стефановиќ во изјава за новинарите рече дека нема потврда дека ова оружје е поврзано со она што беше пронајдено во близина на семејната куќа на премиерот Александар Вучиќ. Организираната група го препродавала, а на местата каде што било пронајдено, добро сокриено така што полицајците едвај го извадиле, го чувале до пронаоѓање на купувачи.

Пронајдени се рачни бомби, гранати, муниција, автоматски пушки , експлозив и друго.