Започна претседавањето на Бугарија со ЕУ

Од денеска, па во наредните 6 месеци, Бугарија ќе биде на чело на ЕУ. Ова е прво претседавање со Унијата, откако Бугарија пред 10 години стана нејзина членка.

Приоритет за Бугарија во нејзиниот мандат ќе биде враќањето на вниманието на земјите од ЕУ за Западен Балкан.

Заради тоа, првиот самит што ќе биде одржан во наредниот период, ќе биде заедно со кандидатите за членство во ЕУ, а тој ќе се одржи кон средината на мај.

Бугарија најави дека активно ќе работи на враќање на консензусот за прашања поврзани со мигрантската криза.

Претседавањето ќе трае до 1 јули, кога на ова место ќе седне Австрија.