Започна протестот пред Собрание

Со транспаренти ,,Јанева, мој херој” и бои и четки во рацете со кои се испишуваат пароли на асфалтот, започна протестот за поддршка на Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим.

Александар Младеновски, еден од учесниците и организатори на протестот, им се обрати на присутните укажувајќи дека ако треба, секој ден повторно ќе се собираат за да му дадат поддршка на СЈО.

,,Ова шаренило нема да престане, ова ќе продолжи”- порача Младеновски.

На мирните протести пред Собрание на РМ има неколку илјади луѓе.

Обновувањето на протестите организирани од Шарена револуција, следуваше заради, како што велат организаторите, зачестените неосновани напади врз СЈО од страна на владејачкото мнозинство и нивните медиумски трабанати.