На легендарниот германски тенисер и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, ќе му се заплени имотот , но и дел од трофеите освоени во текот на кариерата, јавуваат германските медиуми. Бекер изгуби повеќе од 100 милиони евра заради лошо инвестирање. Тој инвестираше во сомнителен бизнис со нафта во Нигерија.

Долговите на светската тениска легенда изнесуваат дури 61 милион евра.

 

Борис Бекер

Затоа е започната распродажба на неговиот имот, вклучително и трофеите, три трофеи освоени на  Вимблдон, два на Австралија опен и едан сн УС Опен. Претходно му беа запленети 4 скапоцени рачни часовици во вредност од  50.000 долари.

Борис Бекер  сега работи како  шеф на  секторот за тенисери во Тенискиот сојуз на Германија.