Заради скратен буџет можна експлозија на ХИВ во Македонија

 

 

Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ, денеска организира протестен марш, во 12:05 часот, од Министерството за здравство до плоштад „Македонија“.

Македонија од први декември останува без значајна финансиска поддршка што ја добиваше од Глобалниот фонд за спроведување на интервенциите од националаната програма з аХИВ.

 

Граѓанските организации и организациите од заедниците кои секојдневно нудат услуги за превенција и поддршка за ХИВ низ целата држава,  заедно со корисниците на овие програми ХИВ предупредуваат дека политиката на власта со скратување на буџетот, ќе доведе до епидемија на ХИВ во земјавата.

Новиот буџет за 2017 е скратен за 60 проценти.

– Тоа ќе доведе до пораст на нови случаи на ХИВ и смртни инфекции за ХИВ, за кои постојат докази дека може да се спречат, ако продолжи досегашното финансирање и средствата оптимално се распределат кон групите изложени на најголем ризик од ХИВ, изјави Елизабета Божиновска, програмски раководител во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера.

Оваа година за првите 9 месеци се регистрирани 33 ново заболени со ХИВ. досега кај нас починале 80 лица, а 275 се носители на вирусот.