Захариева:Договорот за добрососедство ќе биде потпишан и на македонски јазик согласно Уставот на РМ

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева во интервју за бугарската приватна национална телевизија БТВ, рече дека  дводневната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Бугарија е историска од повеќе аспекти.

Таа најави дека Договорот за добрососедство ќе биде потпишани на македонски јазик, согласно Уставот на Република Македонија во кој тој секако е уставна категорија.

На парашање на новинарот дали тоа значи дека Бугарија го признава постоењето на македонскиот јазика, Захариева рече не разбира каков е спорот:

,,Со признавањето на македонската држава ние го признаваме и Уставот и уставното уредување“-рече Захариева.

За Министерката Захариева оваа посета е историска и преставува добронамерен и пријателски почеток за заедничка европска иднина на двете држави. Таа напомена дека Бугарија е секогаш тука да и помогне на Македонија кога и да биде побарана помош и постојано ќе ја поддржува кон патот за европските интеграции.

Бугарската министерка смета дека посетата има историски карактер и заради тоа што од 2013 година кога македонски Премиер бил во Бугарија на педесетина минути, дводневната посета на Заев со владините министри е на вистинското и потребно ниво за подобрување на меѓусоседските односи.