За Бугарија Договорот за добрососедство со Македонија придонел за признавање на бугарско малцинство во Албанија

Македонската Влада се уште молчи и не се произнесе за новиот Закон за малцинства во соседна Албанија, според кој,покрај македонското, е признаено постоење и на бугарско малцинство. Здруженијата на Македонци во Албанија реагираа дека ова е обид за нивна асимилација од страна на Бугарија, која со бугарски пасоши ги придобива Македонците да се изјаснат како Бугари.

Но, бугарските медиуми не престануваат да се заниваат со ова прашање и разни политички личности последните денови излегуваат со изјави дека една од двете главни причини заради која успеале бугарските напори за признавање на бугарско малцинство во Албанија, е Договорот за добрососедство со Македонија:

,,Во Албанија нема Бугари, туку само Македонци“-изјави неодамна Никола Ѓурѓај, претседател на Здружението ,, Илинден“ од Тирана.

Македонската Влада  не ги коментираше, ниту признавањето на  македонското, ниту на бугарското  малцинство во Албанија.
АКО.мк