За Европска комисија каталонскиот референдум е нелегален и е внатрешно прашање на Шпaнија

Европската комисија се огласи со став дека вчерашниот референдум во Каталонија е нелегален, според шпанскиот закон и Устав.

ЕК нема да ги земе предвид повиците да интервенира, а  гласањето и интервенцијата на полицијата, како и затворањето на гласачките места и уништување на материјалот за гласање ги оцени како,,внатрешно прашање на Шпанија“.

“Ова е внатрешно прашање за Шпанија  кое треба да се реши во согласност со уставниот поредок на Шпанија”, рече портпаролот на ЕК.

Речиси 900 лица се повредени во судирите на денот на  референдумот, велат каталонските власти.