За независност на Каталонија од Шпанија гласале 90 проценти од излезените гласачи

На референдумот што вчера се одржа под вонредни околности во Каталонија учествувале 2,26 милиони луѓе, а 2,02 милииона гласале за независност. Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.

Портпаролот на Владата, Жорди Турул, изјави дека на  референдумското изјаснување учествувале околу 42,3 отсто од вкупно 5,43 милиони избирачи во Каталонија.

На Твитер профилот на Владата на Каталонија е објавено дека од 2.262,424 ливчиња, кои не биле запленети од шпанската Влада, вкупно 2.020,144 биле за независност, со 176.566 гласови „против“, 45.586 празни и 20.129 неважечки ливчиња.