„Не можам да поверувам дека новинари можат да направат толку убави деца. Како медиумите успеаа во тоа, навистина не знам“-се обиде американскиот претседател, Доналд Трамп , да се пошегува на денот на вештерките, одбележан во Белата куќа така што тој ги собра децата на новинарите акредитирани да известуваат од таму.

„Кон вас новинарите се однесуваат многу подобро, отколку кон било кого на овој свет. Дали ќе бидете како вашите родители кога ќе пораснете? Немојте да ми одговорите. Тоа прашање може да ме доведе во многу непријатна ситуација“- им рече Трамп на децата на новинарите и им подели чоколтца и бонбони.

 

Доналд Трамп е познат по лошиот однос со сите новинари и постојаните јавни кавги и недоразбирања.