За првпат на РТВ Албанија ќе се емитуваат вести и емисии на македонски јазик

Од денеска Радио Телевизија Албанија РТШ-2, започнува со емитување емисии на јазиците на националните малцинства кои живеат во Република Албанија, на македонски, грчки, ромски, српски и влашки јазик. Покрај вести, во овие емисии ќе се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ќе се промовираат и ќе се афирмираат културата, обичаите и традициите на националните малцинства.

,,Ми претставува голема чест што јас ќе ќе ги презентирам првите вести на македонски јазик. И во 2014 година ја упатив првата новогодишна честитка на Македонски јазик на Националната Радио Телевизија Албанија ТРШ. Тоа чувство кога се обраќате на Македонски јазик е преубаво. Верувам дека така ќе продолжиме, воопшто унапредувајќи ја положбата и правата на Македонците во Република Албанија“, – изјави Нико Китани, член на Државниот комитет за националните малцинства на Република Албанија.

Емисијата на македонски јазик на РТШ2 ќе се емитува секој ден, од понеделник до петок, со почеток во 17.00 до 17.30 часот, во траење од 30 минути. Предвидено е содржината на емисијата да биде 5-7 минути вести, а во преостанатото време ќе се емитуваат прилози поврзани со македонската култура, обичаи и традиции- објави весникот ,,Илинден “ од Тирана.