Зврлевски:Немам врска со политиката,познат сум како професионалец и добар обвинител

Ова, од собраниската говорница го изјави Јавниот обвинител Марко Зврлевски, кој е на дневен ред пред пратениците за разрешување. Тој смета дека Владата и Советот на јавни обвинители не дале доволно добро образложение зошто го разреѓуваат.

– Во предлогот се наведува дека незаконито и нестручно сум ја извршувал функцијата и дека со неповедувањето на кривични постапки сум до довел во прашање угледот на функцијата. Ништо од ова не е точно. Дека тоа е така, потврдува и предлогот каде што нема ниту една точка каде што се објаснува како и кога нестручно сум ја извршувал функцијата. ЈО нема обврска да поведува кривична постапка и да запира. Основните јавни обвинители се самостојни во своето одлучување. Секое влијание, а и прифаќање на влијанието, покажува дека е сторена злоупотреба. Јас не сум влијаел на никој да поведе или не поведе постапка. Апсолутно сум бил во тек со сите случаи.За 27 април отворена е истрага за истражување на сите околности за сите дејствија. Истрагата не е затворена и се работи компетентно и стручно. ОЈО ќе го процесуира она што МВР го открило-рече Зврлевски.

Советот на јавни обвинители не кажа ни зошто ни како ни врз основа на што дал позитивно мислење на барањето на Владата за мое разрешување. Тие немаат ниту една претставка и наназад 4 години позитивно ја оценуваа работата на ОЈО, а не дадов оставка бидејќи сметам дека нема причини.Но, имајќи ја предвид негативната пропаганда, свесен сум дека со мене ќе се случи тоа што се случило и претходно, дека ќе бидам разрешен. Тоа воопшто нема да ме повреди туку ќе бидам во редот на најдобрите.Ако ме разрешите тоа нема да претставува реформа, рече пред пратениците Марко Зврлевски.

За оваа точка на дневен ред се пријавени дури 80 пратеници за збор.