Зврлевски нервозен

Јавниот обвинител Марко Зврлевски реагираше нервозно на прашања на новинари, кои трчаа по него на Правниот факултет , по часот што го имаа заедно со Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пред студентите.  Новинарi се интересираа зошто Зврлевски постапува селективно кога станува збор за предмети поврзани со функционери на власата и на опозицијата. Вие сте невоспитани-им рече Јавниот обвинител на растрчаните новинари:

Студентите го изрешетаа со прашања Марко Зврлевски, кој одговараше несоодветно на неговата позиција во судството. За него СЈО е неуставно и за тоа има преставка во Уставен суд, за што уште не е одлучено. Тој не е потресен од негативните оцени и во последниот извештај на ЕК за судството. Го рагледал онака. Се вадеше дека немаат пари како Јавно обвинителство за покренување на обвиненија за функционери од власта, што предизвика лавина пршања и негодување кај студентите.Тие го прашаа зошто не си поднесе оставка, барем од морални причини.

Зврлевски и Јанева беа поканети од Правен факултет да разговараат со студентите за нивната работа .

 

Видео-tv21
фото-мкд