Земјотрес предизвика вознемиреност во Чиле

Земјотрес со магнитуда од 6,4 го погоди денес централниот дел на Чиле, пренесува агенцијата Франс прес.

Според првичните информации нема загинати или повредени ниту, пак, е направена поголема материјална штета.

Потресот чиј епицентар бил на 38 килемтри од градот Курик, бил почуствуван и во главниот град Сантијаго, кој е на околу 200 километри јужно од таму.

Националното Биро за вонредна ситуација наведува дека засега не се регистрирани какви било проблеми со снабдување со струја или проблеми во сообраќајот.

Од Франс прес информираат дека во Сантијаго се прекинати телефонските врски.

Чиле е на источната страна на „огнениот појас на Пацификот“, во зоната со многубројни вулкани и силна сеизмичка активност. Оваа земја последниве неколку години ја погодија разорни земјотреси.