Ибрахимовиќ купи јахта вредна 8 милиони евра

Додека се опоравува од повредата и се врати на теренот во дресот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ слободното време го искористи да скокне до италијанската Специја, каде се продаваат најскапите јахти на светот и да купи една за себе.

Како што пишуваат англиските медиуми, се работи за “Riva 100 Corsaro super-yacht” за која Швеѓанецот искешира 8 милиони евра.

Јахтата е долга 29 метри и развива брзина од 27.5 јазли. Опремена е со голема трпезарија, коктел-бар, гаража, потоа, со спално соба со брачен кревет од каде има феноменален поглед кон морето. Јахтата има и посебно соба опремена со караоки- систем и силно озвучење.