Ибрахимовиќ уште една година во Манчестер Јунајтед

 

Златан Ибрахимовиќ и во претстојната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Јунајтед. Тој попладенево стави потпис на едногодишен договор со клубот од Олд Трафорд.

„Се вратив да го завршам она што го започнав. Јас и клубот имавме иста цел, а тоа е да останам тука подолго од една година. Работев напорно да се опоравам од повредата, ќе се вратам посилен од било кога“, истакна Ибрахимовиќ.

35-годишниот поранешен шведски напаѓач минатата сезона имаше 46 настапи за Манчестер Јунајтет и постигна 28 гола.