Иванов избега во Унгарија за да не се сретне со Хан

Иако првично беше планирана средбата меѓу еврокомесарот и Иванов и закажана за 17 и 45, сега од мисијата на ЕУ во Скопје за порталот СДК изјавиле дека таква средба до овој момент не е планирана.

Според неофицијални информации, Иванов воопшто не е вратен од Будимпештта, а неговиот кабинет е целосно затворен за медиумите и не дава информации каде се наоѓа Претседателот на државата и дали ќе има средба со Хан.

Иванов вчера од Будимпешта најави дека и да се исполнат правните пречки, останува политичката, а тоа според него е така наречената Тиранска платформа.

Од ВМРО ДПМНЕ и денеска порачаа дека додека Заев не се откаже од таа платформа, нема да дозволат формирање нова влада.