Orden_MOB

Чест ми е да ви се обратам на 9 мај, денот на победата над фашизмот и денот на Европа-рече претседателот Ѓорге Иванов одлукувајќи ја Македонска опера и балет со највисоко државно одликување, кое што му беше предадено на директорот Игор Дурловски.

,,Кога на 9 мај 1945 година оружјето замолкна во Европа, многумина се прашуваа дали музиката е возможна по ѕверствата на Втората светска војна. Дали по уништувањата, човештвото има морално право да твори уметност. Тоа секако ќе беше огромна загуба за сите нас, бидејќи е тешко да се замисли светот без музиката, танцот, песната, операта.

Секој љубител на операта знае дека успехот на овој голем уметнички потфат најмногу зависи од две нешта. Прво, од умешното свирење со музичкиот инструмент создаден од човекот. И, второ, од правилното користење на човечкиот глас како најсовршениот инструмент подарен од Бога. Балетот, пак, кон нив го придодава и танцот. Како симбиоза на музиката, зборот и танцот, операта и балетот се најтешките музички и уметнички форми. Оттука, стремеж на секое општество и култура е да се најде на светската оперска и балетска мапа.

Нашата македонска приказна започна во мугрите на македонската држава – само три години по АСНОМ, со основањето на оперскиот ансамбл во 1947 година и премиерата на Кавалерија Рустикана. Љубителите на класичната музика секако знаат дека ова е првото и најзначајно оперско дело на Пјетро Маскањи. Но не сите знаат како настанало.
Токму таков чекор на верба направија и уметниците кои пред 70 години ги поставија темелите на Македонската опера и балет.

Таков чекор на верба направивме и ние во 1991 година, кога прогласивме суверена и независна Република Македонија, тогаш кога некои се сомневаа во нас. И денес, кога повторно сме сведоци на разни сомнежи во нашата државотворност, ние не треба да се обесхрабруваме. Се додека идејата на слободата и независноста на Македонија е во нашите срца, нема да потклекнеме и да се откажеме.

Водени од овие три нешта, нашите уметници самоуверено ги започнаа и „Мајските оперски вечери” кои годинава се одржуваат по 45-ти пат. Нашите уметници дебитираа на светските оперски и балетски сцени. Некои од нив станаа наши амбасадори на културата низ сите меридијани. Нивните настапи се сведоштво дека Македонија е татковина на извонредни креативци.

Затоа, на овој свечен ден, 9 мај, како Претседател на Република Македонија имам чест на Македонската опера и балет да и доделам Орден за заслуги за Македонија. Овој орден е признание за успешното промовирање на македонското и на светското творештво од областа на оперската и на балетската уметност.

Овој орден е признание за улогата што Македонската опера и балет ја има во победата на креативноста над деструктивноста и музиката над тишината.

Со таа мисла, на самиот крај, ви посакувам едно нешто: да имате се повеќе распродадени концерти и во Македонија и во светот-рече Иванов пред гостите, меѓу кои се уште актуелната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.