Ивица Коневски за Аеродром, Николче Чурлиновски за Валандово-кандидати на ВМРО ДПМНЕ

Вмро Дпмне објави официјално дека Ивица Коневски ќе биде нивен кандидат за општина Аеродром. Ова е трета по ред кандидатура за Коневски.

Според оваа партија, Коневски успеал да ја издигне општина   на ниво на најпосакуваната  за живот не само во Скопје, туку и во Македонија,  досега спровел огромен број капитални инфраструктирни и комунални проекти, но во својата понуда и визија нуди нови проекти  кои се одговор на потребите на барањата на граѓаните на Аеродром.

За Валандово, Централниот Комите на  ВМРО-ДПМНЕ  го усвои предлогот од Извршниот Комитет, уште денаш да го кандидира Николче Чурлиновски, актуелен градоналаник за општина Валандово.